Monday, July 18, 2022

Многуте лица на војната

Од кои едно е нешто што го нема кажано Перл Бак - Ќе ви вратиме кога војната ќе заврши .Другото е дека војуваме ЗА санкции ,рестрикции ,но не да го вратиме светот во кој некогаш сме верувале како млади ,туку како груба пресметка на еден компјутер кој не посака не-живи како што е и самиот тој сублимат на чумата . Додека се преваспитуваме и си ги убиваме фрустрациите со поделеното мислење ,учиме понизност ,и се откажуваме од себството ,како кој било ден што поминуваат годините и стануваме млитави ,успешни идиоти . Публиката изумира нервозно чекајки го третиот акт .


Сите ќе се предомислеме до крајот , и ќе ви вратиме кога ќе треба да се радуваме на еден нов ужасен и прекрасен свет. Следната војна во европа ќе биде вистинска војна ,во која никој повеќе не ќе сака да умре никогаш .


Во секоја војна сите загуби се знаат ,се е запишано ,запечатено засекогаш ,и потсеќа малку на еден монолог на Џулиа Робертс во Нотинг Хил. Иако во војна сите се добитници ,а најмногу мртвите муџахедини.


Сепак ова е се што можеше Путин да направи за Русија ,но и за светот .Така и царот рече , одгледавме коски за овој малодушен свет , и ќе имаме 99 години мир во царството , па фрлете се на блуд ,но оставете по некоја коска за гладните души.
Еве еден како си гo т'пи моливот.

No comments:

Post a Comment