Monday, July 4, 2022

умрело дете за баничка

Се шетавме еден ден со еден пријател и разговаравме за анархизмот и капитализмот ,тоа беше пред 15 години .Недораснати на темата заклучивме дека капитализмот сам ќе се изеде ,а денес разбрав како и всушнот што.

.......


Во едка кратка дервишка приказна - еден селки учител се најаде гомна мислејќи дека тоа е алва од Истамбул , така е и со политиката ,можеш да ја намирисаш ,но не можеш да докажеш ништо .

Смртта во војна е благородна ,на тоа место ќе нарасне пченица ,и тикви ,ќе се игра голф ,и ќе летаат долари и рубљи.
Македонија не е за продавање оти нема кому да му се плати . Бесценети се сликите на дедо мраз со гол газ.
Во моите луди фантазии верував дека постои книга ,македонска книга - сакрамент ,тајна книга со план ,како што не верувавме дека еден ден се ќе има а малку што ќе можеме да си дозволиме. 


Во една кафеана седеа пријатели и пиеја лута ракија ,надвор зимата фучеше , во малиот камин ѕиркаше свеќа . Можеби толку е доволно , едно жарче што тлее ,една свеќа ,малку различност да ја разбуди заспаната човечност ,импотентната европа .

А тука се степаа двајца браќа ,за тоа кој да ги носи стомните вода на една туѓа жена ,од некој туѓ кладенец , во некое друго село.

No comments:

Post a Comment