На една ливада ,еден сиромав си направи куќа ,подалеку од селото ,и еден ден селото дојде и неговата куќа беше на сред село . И неговите внуци трчаа низ куќата весели ,и пораснаа ,некој се распослаа по рамниот свет и печалеа ,ги жалеа мајка си и татко си со секоја паричка . И селото тргна по нив и куќата пак беше на сред ливада сама. Еден сиромав живееше во куќата се дур не реши да ја сруши ,доаѓаа големци од далеку и селски старешини и сите му велеа најдобро да ја сруши .И така еден ден ја запали плевната и таа изгоре и како што гореше од неа почнаа да бегаат голи моми убави ,млади . Кога изгоре плевната тие веќе беа далеку а сиромавиот си го држеше здрвен и гледаше немо во пепелта . Зеде да ја растура куќата ,и сите од далеку посакаа да им прати по едно камче ,по една слика ,по нешто да си го памтат вилаетот . Кога ја сруши целата и стигна до темелите уморен си легна .
Но го разбуди татнеж силен и темелите се отворија ,и почнаа од темелите да излегуваат голи жени ,руси , црни ,послаби и не многу дебели .
Умре сиромавиот и во ливадата меѓу куп камења ,остана мирисот на жените и еден куп писма од далеку .
Од таму минуваше еден селанин ,син на сиромав , и си рече - убаво е тука да насадам лубеници . И зеде да копа бунар ,и се умори и легна ,а бунарот беше веќе завршен . Во мугрите му се матеше пред очите но од бунарот излегуваа девојки ,мајки и ќерки ,голи и убави млади и не многу стари . Се држеа за за раце и се смееја а студената вода од бунарот капеше од нивните бедра . Синот на сиромавиот скокна во бунарот и се удави .
Неговиот син таму насади лојзе ,и го чуваше од болештини и од грабливки и од лојзето направи убаво вино . Пијан додека седеше на купот камења на крајот од неговото лојзе заспа . Во мугрите жена му го посети да го разбуди и да го прибере дома . Дома кога дојде во дворот на трпезата имаше гола дебела жена која пиеше лакомо од виното и јадеше кокошка ,нејзините гради ги туркаа и тркалаа тањирите од трпезата ,го гмечеше лебот и се валкаше во доматите . Кога го видоа тоа домаќините се исплашија многу па ја запалија куќата и плевната и избегаа од таму ,и магарето ја теглеше во инаетот нивната покуќнина ,а тие брзаа да најдат црква и да се исповедаат .
Од плевната и куќата што гореше почнаа да бегаат голи девојки ,девојчиња ,жени ,со мали гради и поголеми ,и вода потече и заврна ,и се стемни ,а на ливадата пуста во летото врело остана да мириса на секоја една што била и ќе биде .
Секој таму би умрел од љубов.
No comments:
Post a Comment