Политичките партии се столбови кои никнуваат во локвите крв од народот .Меѓу себе тие теглат жица и му велат на народот ,ОДИ ПО ЖИЦАТА! Луѓето како што паѓаат велат : Ветрот ме турна! Тогаш столбовите се китат со некролози, со нив луѓето гласаат на избори ,и тоа во демократскиот свет е ТВОЕТО ПРАВО НА ГЛАС ! Твојот глас те воскреснува ,и ти пак се враќаш на столбот спремен да одиш по жицата .Но овојпат не.
Сите неправди на балканот ме навраќаат на една по малку комична сцена ,во Хрватска ,во една ТВ анкета ги прашуваат луѓето на кој државник од историјата би му ја дале власта . Еден чичко сериозно пресече :
- На Сталин!
Нам ни треба Револуција ,таква со јавен линч ,но ние живеевме во демократија пред демократијата да дојде на овие простори , нам некогаш си мислам ни треба црно-бела револуција ,затоа што на вистината не и се потребни украси ,и ФАКТИТЕ СЕ ТИЕ ВО СИТЕ БОИ .
Проблемот во пракса на демократијата е сложен ,затоа што избирачите секогаш треба да се попаметни од тие што ги избираат ,затоа што ним им е дадена слобода да бираат дали по грб или по глава ,да паднат на овој или оној крај од жицата . Додека политичарите се стаорци ,тие од едниот столб до другиот копаат тунели ,тие лесно ги менуваат странките и стварите на кои им се потчинуваат .Само народот, луѓето од народот се пред избор ,ДАЛИ ДА ПАДНАТ ВО ТРЊЕТО ИЛИ ВО КАЛТА.
Политичарите имаат трпение да напишат доволно долг текст со кој ќе оправдаат се, ПОСЛЕ МНОГУ ПРАЗНИ ЗБОРОВИ И ВИСТИНАТА Е УМОРНА .Тоа убаво го демонстрира Кишловски во "Краткиот филм за убивањето" ,така и кај нас судењата траат се дури не се заборави на злосторството .Се дури публиката по секоја цена не посака и самата како било така да заврши целата приказна .
Дури го пишувам ова ,уште една девојка беше прегазена на пешачки во Скопје ,вест која се појави на Tme.mk ,веста набрзо беше заменета ,така што наместо - " На пешачки премин пред Дајмонд Хил " стоеше вест со следниот наслов кој ништо не ни кажува " Автомобил удрил во пешак во близина на Дајмонд Хил" ,затоа што сите сме чувствителни денес , и така се убедив дека на вистината не и се потребни две страни обично , и само ќе го кажам она што би сакал но нема да се случи.
- ЛИНЧ!
Така е црно на бело ,докажано ,по закон и вистина .СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ПОТПИРААТ НА СТАПОТ ОД КОЈ ТРПИ НАРОДОТ. И толку закони постојат и може се да биде по закон ! Може ли кај нас? И мене ми идат солзи на очите ,жал со сите во Кочани ,и на целиот Балкан ,додека некој чии имиња не можеме ни да ги изговориме НИ ГО УКРАДОА ЖИВОТОТ ДЕНЕС.
No comments:
Post a Comment