Translate

Tuesday, August 12, 2025

***

Кога ме чекаш на три места 

и наеднаш сум секаде околу тебе,

милоста твоја знае 

во твд орев да ме најде.

Да ме заборавиш во кутија чевли

и во прости песни

и во благослов .

Лесно на моето рамо да заспиеш.

Снегулката се топи на твоите усни,

со многу малку зборови .

И се што можеше да се каже

експлодира во букет шекерна волна

кој се свива на ветрот од нашата далечина.

Се лепи на нашите имиња на таа клупа таму .

И ја отплеткуваш долго косата 

додека од неа паѓаат лижавчиња и цуцли. 

За да молчиме задоволни.

Monday, August 4, 2025

***

Се виткаме и двајцата под огнот 

Ги слушам само твоите гради како удираат во мевот,

и водата како жубори .

Со моето стапало го гребам принтерот во нашиот ритам 

Дури се лигавиме во несмасни бакнежи

се гребат од подот нозите на креветот

и оставаат лузни од нашата љубов .

Груб потпис во дрвото .

А ти ја кинеш перницата со забите 

и мали ангелчиња летаат низ собата на пердувите.

Летаат на нашите воздишки и исчезнуваат во нашиот оган

***

моите бакнежи имаат вкус на кафе  

по твоите гради  

и во трагите ја читам нашата судбина 

и каде ке водиме љубов утре

ти треперат усните на студот додека ми шепотиш 

и ми го гризеш нежно левото рамо

уште ме боли

снегулки ни паѓаат меѓу бакнежите

и нашата прегратка крцка како вечниот мраз

те сакам и страв ми е да не те изгубам во виулицата  

повеќе одколку што нема да го најдам патот дома

изгубен во тебе 

додека твојата домашна роба се суши на столот 

ние и пркосиме на зимата надвор

во чвор од воздишки и лелеци

***

Растопи се на моите усни ти со вкус на карамела 

По твоите гради се лизга топлиот летен дожд

а јас се свивам на десет начини да влезам подлабоко

додека не ја видам желбата како ти ги притиска очите. 

Усните твои како ги гризеш како да не смееш да ме бакнеш.

На брегот не води само срамежлива месечина,

и се што чувавме долго и трпеливо 

длабоко во тебе се искриви да те најде. 

Некаде околу осум часот

со семката и твојот гласен триумф. 

Во брановите далеку некаде го гледам твојот фустан,

и ехото од нашето офкање се распаѓа во солта .

Невнимателни и голи по пустата плажа, 

го голтаме и песокот низ нашата љубовна игра

и една студена лубеница скршена на две .

***

Сите нијанси на црвено се твои

И си оставила траги по целото мое тело 

Кој ке се снајде во оваа збрка

Главата ми е под папочето 

И моите палци се топат во насмевката твоја

Се смееш само 

Но во смеата твоја моите црева се свиле

Во некаков грч не сакам да те пуштам

Додека ја гризеш штипката со мокрите гакички в рака

И стопалата твои голи што ѕиркаат низ високата трева

Од љубов исушени како таа таму цреша 

Се валкаме во нашите желби среќни

Како во трње нашата тајна ,слатка и горчлива не буди

И пак се сонуваме разбудени