Translate

Friday, June 6, 2025

***

ти ужасна среќо 

те гледам згрозен од балконот 

заљубен и згрозен

и прометеј за тебе го украде огнот

а ти слатка си како планински костен

тврд недопечен


ако има и бог и тој ги мина границите 

два дена те мислам само и ги тепам пците 

оти не можам да се исплачам

плачам во жгурата внатре 

и ми се умира


те навредив што така строго те гледам 

повеќе не си таа девојка 

сега си планина што и на ветрот му смета

со својата големина и среќа 


те навредив што така строго те гледам 

па еве да се доречам сега 

замрази ме длабоко во шумата твоја 

волци да ме раскинат кај некој твој кладенец студен

да паднам среќен и уморен



таму кај што децата полнеа вода

и таму кај што пак ке појдам 

оти убава си па и да ме раскинат и мене да ме нема

како другите што ги земал 


прометеј бездушен и мал

No comments:

Post a Comment