Translate

Friday, June 13, 2025

***

пеперутко врати се во кожурецот сега

подобро избегај 

оти меѓу твоите шари и бои 

ќе напишам стихови


но на твоите крила пишува веќе нешто 

и за мојата песна не оставиле многу место 

а не сакам само точка да ставам 

и да си заминам 


невреме се спрема северот дува 

и што оти на твоите крилца и моето име го пишува

можеше на шарите и мојот лик да го има 

сега веќе и самиот не се препознавам


оваа шума не е моја 

овој парк и оваа колиба

тука јас само привремено се кријам 

војната да ја преспијам 


дури невремето сериозно се спрема

пеперутката ја снема

од рацете летна потивко од воздишка

дури вечерта ја најдов истата кај мојата војничка книшка


не пријателке, немам друшка

тука сум сам со еден двоглед и пушка


зошто се враќаш и кој те праќа 

јас само стража чувам 

не можам пеперутко да ти се радувам

и моето име не можам да го читам 


после се не можам ни в'очи да се погледнам 

ни убаво да мислам, ни мислата ми е чиста

сите бои твои ме враќаат во една детска соба

со човечки остатоци во една патничка торба


и еден човек на пат во кола

со вреќа парички од иконите што ги молат 

и сите години во тишина што толку болат


човекот тргнал да почне војна 

како секоја друга 

за некоја убава мома стројна


а стројниците се гоштеваат кај една каллива река

секој со својата среќа

Оди си пеперутко сега ,до следната средба

Јас сум тука дури не ми дадат наредба


Или ако e среќа на војната да и дојде крајот

Најди ме тогаш и слетај на Бајкалот





No comments:

Post a Comment