Monday, July 18, 2022
Thursday, July 14, 2022
.
На една ливада ,еден сиромав си направи куќа ,подалеку од селото ,и еден ден селото дојде и неговата куќа беше на сред село . И неговите внуци трчаа низ куќата весели ,и пораснаа ,некој се распослаа по рамниот свет и печалеа ,ги жалеа мајка си и татко си со секоја паричка . И селото тргна по нив и куќата пак беше на сред ливада сама. Еден сиромав живееше во куќата се дур не реши да ја сруши ,доаѓаа големци од далеку и селски старешини и сите му велеа најдобро да ја сруши .И така еден ден ја запали плевната и таа изгоре и како што гореше од неа почнаа да бегаат голи моми убави ,млади . Кога изгоре плевната тие веќе беа далеку а сиромавиот си го држеше здрвен и гледаше немо во пепелта . Зеде да ја растура куќата ,и сите од далеку посакаа да им прати по едно камче ,по една слика ,по нешто да си го памтат вилаетот . Кога ја сруши целата и стигна до темелите уморен си легна .
Но го разбуди татнеж силен и темелите се отворија ,и почнаа од темелите да излегуваат голи жени ,руси , црни ,послаби и не многу дебели .
Умре сиромавиот и во ливадата меѓу куп камења ,остана мирисот на жените и еден куп писма од далеку .
Од таму минуваше еден селанин ,син на сиромав , и си рече - убаво е тука да насадам лубеници . И зеде да копа бунар ,и се умори и легна ,а бунарот беше веќе завршен . Во мугрите му се матеше пред очите но од бунарот излегуваа девојки ,мајки и ќерки ,голи и убави млади и не многу стари . Се држеа за за раце и се смееја а студената вода од бунарот капеше од нивните бедра . Синот на сиромавиот скокна во бунарот и се удави .
Неговиот син таму насади лојзе ,и го чуваше од болештини и од грабливки и од лојзето направи убаво вино . Пијан додека седеше на купот камења на крајот од неговото лојзе заспа . Во мугрите жена му го посети да го разбуди и да го прибере дома . Дома кога дојде во дворот на трпезата имаше гола дебела жена која пиеше лакомо од виното и јадеше кокошка ,нејзините гради ги туркаа и тркалаа тањирите од трпезата ,го гмечеше лебот и се валкаше во доматите . Кога го видоа тоа домаќините се исплашија многу па ја запалија куќата и плевната и избегаа од таму ,и магарето ја теглеше во инаетот нивната покуќнина ,а тие брзаа да најдат црква и да се исповедаат .
Од плевната и куќата што гореше почнаа да бегаат голи девојки ,девојчиња ,жени ,со мали гради и поголеми ,и вода потече и заврна ,и се стемни ,а на ливадата пуста во летото врело остана да мириса на секоја една што била и ќе биде .
Секој таму би умрел од љубов.
Sunday, July 10, 2022
Friday, July 8, 2022
вода
takip etmek. İştip'te hava sıcak ve bu günlerde su yok. Sabah yürüyüşe çıkmak güzel, bu yüzden yürüyorum. Evden çıktım ve doğruca Sosyal Yardım Dairesi'nin önünde, benden biraz daha genç bir adamla yolları ayırdım, neşeyle çantasını taşıyor, kemerinden usul usul şarkı söylerken. Sosyal hizmet uzmanları gölgelere saklandı ve pazara gitmek için bir mola bekledi. Hemen her gün aynı yoldan, alışveriş merkezinin önünden, ne kadar kirli olursa olsun, Tito'nun zamanından kalan bir harabeden geçiyorum, insanlar ya Tase kebapları için ya da aşağıda bir paket sigara için toplanıyorlar. Alışveriş merkezine giden yolda güzel bir siyah limuzin duruyordu. Arka kapıyı bir çocuk açtı ve beceriksizce dışarı çıktı, ardından sanırım babası geldi, Türkçe birkaç kelime konuştular, araba park edilmiş ve bir şey bekliyordu. Alışveriş merkezinden geçmemeye karar verdim, tarif edilemez derecede kirli ve düzensiz. Yanından geçtim ve biraz daha yüksek insanlar çalışıyordu, kuafördeki kızlar biraz hoşnutsuzluk içinde yanlarında duruyorlardı, işçiler Türkçe birbirlerine sesleniyor ve gülüyorlardı. Birkaç gün su yok ve kayısılar olgunlaştı.
Thursday, July 7, 2022
Tuesday, July 5, 2022
причам ти причу
Еден ден на Тодорче му дошол аскерот дома , на царската ќерка и се сонило дека кај Тодорче во куќата има закопано азно ,некој бисер украден од оној свет . Чунки таа мома што го носи ,се убаво ќе и се сони и ќе и се претскажува иднината . И така ,аскерот камен по камен ,копале ,кршеле ,му ја пеплосале куќата на Тодорче ,арно ама азно не нашле , нити бисер ,нити некое каменче .
Кога го видела царската ќерка Тодорче склупчен ,истепан ,и бездомник се сожалила и наредила да му се даде нешто за ова шо му го погрешивме.
Тодорче ја посакал фурната селска , и така таа стана негова .
Не помина многу време ,Тодорче го научи занаетот ,та за тоа колку му е убав бурекот се прочу низ царштината . И ќерката на царот посака да го проба бурекот од Тодора ,па ја прати стражата царска . Народот кој беше собран пред фурната им го даде редот на царските луѓе и гледаа вчудоневидени. Кога царските луѓе зедоа се што Тодор беше спремил во мугрите ,селаните видоа не видоа се разотидоа по своите куќи. Арно ама по патот царската стража ја фати страшен дожд ,и молскавици од сите страни ги тераа коњите .
Кога го виде бурекот сиот растурен ,царската ќерка веднаш нареди да му ја запалат фурната на Тодорче. Но Царските луѓе и кажаа за невремето и таа се нажали но им нареди следниот ден пак да донесат бурек од кај Тодорче ,чунки овојпат нема да ги фати дождот .
Народот кој беше собран пред фурната ,исплашени пак им го дадоа свото место на царската стража и тие со сиот бурек тргнаа кон царштината . Кога стигнаа кај ќерката на султанот ,таа веќе беше јадена ,а бурекот од долгиот пат и жешкото сонце исушен и тврд.
Таа го фрли на кучињата во царскиот двор ама и тие не го јадеа ,и лута нареди да се запали фурната на Тодорче. Царските луѓе послушно и луто ги впрегнаа коњите и тргнаа кон селото ..
Народот гладен ,жално гледаше како им гори убавата фурна .
Тодорче од тој ден го фати болка и си отиде од селото да си го бара лекот ,ни јадеше ни спиеше. Одеше ничкосан со денови додека не легна покрај патот ни жив ни умрен ,не можеше повеќе да зборува но можеше да се моли ,така еден еким кој врвеше по патот го забележа и кога го виде тоа чудо му се придружи во молитвата . Така Тодорче се излечи и од екимот научи за разни болештини ,за маките на луѓето и за нивните желби .
Еден ден се разболе царската ќерка ,ни јадеше ни пиеше ,никој не можеше да најде што и е . Кога за тоа чу Тодорче и самиот се упати кон Царштината ,оти царот и самиот нареди сите екими ,учени и недоучени да се соберат во неговиот двор ,за да си го спаси чедото.
Кога дојде на дворот ,таму сите јадеа и пиеја обилно , и се фрлаше храна оти некој не јадеа се што лета ,а Тодорче од дома си беше направил бурек оти си беше размислил дека долг е патот.
Кога ја виде ќерката на султанот не и се престави како еким , туку рече дека е селски учител и дека го праќаат од една далечна околија ,чунки народот таму оваа година остана гладен , она што се роди на полето го беше изел мразот ,или зела сушата ,па ја молат нејзината екселенција за добра среќа да дојде и да им ги благослови нивите . Ќерката на султанот се нажали над нивната несреќа и тргна со Тодорче на пат ,а Тодорче вака ја посоветува ..да насади по еден трендафил на меѓите од секоја нива кај селаните ,па тие ќе ја паметат и несреќата ќе бега од нивното село по мирисот .
Царската ќерка се согласи ,па така цел ден садеа трендафили , толку многу засадија што и потта на царската ќерка замириса на трендафил .
На зајдисонце веќе уморна на царската ќерка и се врати руменилото на лицето како на трендафил и посака да јаде и пие ,и да се одмори , а Тодорче го извади бурекот кој цел ден го носеше на сонцето ,исушен и тврд ,скрши половина од питата и и даде .
Принцезата слатко се најаде и се напи вода од студениот кладенец па се врати дома жива и оздравена .