Translate

Saturday, June 14, 2025

***

Меѓу книгите стои едно необично пенкало

Сигурно е преку сто години старо 

И памети се што некогаш напишало

Дневници тајни, на девојки сами 

Писма и преписки меѓу пријатели

Исповеди во ноќи бели 

Договори меѓу селаните

Потписи на дворјаните

Судски записници и љубовни писма

Пред пенкалото фрливме хартија чиста

Листови празни од крај до крај 

Ајде сега пенкало ти пишувај 

Нафрли тука од стихови до клетви 

Опушти се и пробај да се сетиш

Кажи ни се', почни од основите

Одмори си ја душата ,и заборави ги зборовите

Friday, June 13, 2025

***

пеперутко врати се во кожурецот сега

подобро избегај 

оти меѓу твоите шари и бои 

ќе напишам стихови


но на твоите крила пишува веќе нешто 

и за мојата песна не оставиле многу место 

а не сакам само точка да ставам 

и да си заминам 


невреме се спрема северот дува 

и што оти на твоите крилца и моето име го пишува

можеше на шарите и мојот лик да го има 

сега веќе и самиот не се препознавам


оваа шума не е моја 

овој парк и оваа колиба

тука јас само привремено се кријам 

војната да ја преспијам 


дури невремето сериозно се спрема

пеперутката ја снема

од рацете летна потивко од воздишка

дури вечерта ја најдов истата кај мојата војничка книшка


не пријателке, немам друшка

тука сум сам со еден двоглед и пушка


зошто се враќаш и кој те праќа 

јас само стража чувам 

не можам пеперутко да ти се радувам

и моето име не можам да го читам 


после се не можам ни в'очи да се погледнам 

ни убаво да мислам, ни мислата ми е чиста

сите бои твои ме враќаат во една детска соба

со човечки остатоци во една патничка торба


и еден човек на пат во кола

со вреќа парички од иконите што ги молат 

и сите години во тишина што толку болат


човекот тргнал да почне војна 

како секоја друга 

за некоја убава мома стројна


а стројниците се гоштеваат кај една каллива река

секој со својата среќа

Оди си пеперутко сега ,до следната средба

Јас сум тука дури не ми дадат наредба


Или ако e среќа на војната да и дојде крајот

Најди ме тогаш и слетај на Бајкалот





***

чиновници, советници, министри

градови полни со шугави пци

убиства, војни, опасни

пцости улави, гнасни


машините од луѓе попаметни 

фатени во мрежи социјални

разводи подобро од свадбите испланирани

од оргуљи до оргии 


животни издрогирани


кражби како политика организирани

војни како вести оркестрирани 

страшни жртви масакрирани деца

мртвите души ги собираме сега


да ја отвориме раната 

гнојта да излезе треба


дури е светот под анестезија

да јадеме земја


Sunday, June 8, 2025

***

една играчка не ги сака другите деца

откако малата Ана си замина ,таа седи сама

во фиоката длабоко се скрила и молчи 

како некоја горделива дама


нити е глушец нити е жаба

парталава оти е стара кукла

сега како намуртена баба

во своето ќоше си направила колиба мала


и се што ќе остане од играта детска палава 

внимателно таму збира 


делови од кукли и од моливи во боја

и самата со тоа си игра и чуда прави

па сите играчки што нешто им фали 

и тие за кој невозможно е да се најдат делови 


од нејзината работилница скромна

во фиоката долна 

како нови играчките се враќаат кај децата дома

во собата со играчки полна


а децата се неблагодарни

меѓу ѓубрето и од скакулец некоја крива нога

некое уво од некое крзнено слонче

во устата на крокодилот залепено бомбонче


има работа за мајстори триста

но никој не приметува

дека меѓу играчките веќе мајстор има

Thursday, June 5, 2025

***

овој заб го вадевме шест души 

прво на сон таа ми дојде како докторка витка

и ми вели забите во уставот ќе ти ги запишам па читај


и забот до него се исплаши и сам падна 

тој беше половина заб и остана во чинија сарма


третиот заб беше моја фантазија 

ме исплаши гадно а докторот рече само тој заб е оди си ,стварно..


во четвртокот се насмеав потоа гласно 

и последниот заб во долната вилица се искриви страшно 

се уплашија децата кои преку улица поминуваа 

на мојата празна воденица се чудат



Пет дена се молам да го извадам забот 

кај ми се забите докторе ,да се насмеам слатко 

оти ме замрази веќе градот 

без заби е опасно



Wednesday, June 4, 2025

***

напиши нешто за чашата вода

што студена те чека по прошетката долга

по пат долг и мачен

нејзиниот допир повеќезначен


и нежности секаде има

измачен човек каменот го милува

го крши ,го прередува ,по прикаска стара

љубов во каменот молкум бара


а таа мене само спокојно ме чека 

водата моја бистра, стои во каменот

дури златна риба во водата се препелка

низ меурите да излезе и песна

секогаш ведра

Tuesday, June 3, 2025

***

сите деца мрсолави не се 

има по некое што тажно е чиниш 

а тоа само се одмара

си игра некоја своја скриена игра 

со духот по небото шара 

оти на децата таа врата најлесно им се отвора


патува тивко му се чини дека паѓа 

или лебди ,не знае ни самото тоа 

но знае дека ќе се врати кога сака 

па остава траги ,да запамети каде застана

за следниот пат по неколку дена

патувањето да го продожи на сосема друга страна


а тоа црнило низ кое лебди страна нема

на моменти му се чини дека не е на оваа земја

соништата со нежности си ги крепи 

и приказни слатки што еден ден ќе бидат книги

како цртежи што ќе бидат слики 

кога ќе ги разбереш поголемите и ти