Translate

Tuesday, September 2, 2025

***

Во подрумот има журка , забава  

Летаат цевки насекаде и ѕидовите се измачкани со лепак 

 На устата ми лазат и пајачиња во мрежата од црева 

 Старите шифоњери пак свират некој блуз

Дојди ,само внимавај каде газиш  

песната од подот да не ја смачкаш со  тешките чевли 

 Тропај по гаражата и нека скокаат гуми ,редуцири и лепенки .

Дури моторот мевот го полни во секој здив на една сонлива песна 

 Димензиите се потврдуваат во треперлив ѕвон од јато грлици 

Кои зеваат на една импровизирана маса





No comments:

Post a Comment