моите бакнежи имаат вкус на кафе
по твоите гради
и во трагите ја читам нашата судбина
и каде ке водиме љубов утре
ти треперат усните на студот додека ми шепотиш
и ми го гризеш нежно левото рамо
уште ме боли
снегулги ни паѓаат меѓу бакнежите
и нашата прегратка крцка како вечниот мраз
те сакам и страв ми е да не те изгубам во виулицата повеќе одколку што нема да го најдам патот дома
изгубен во тебе
додека твојата домашна роба се суши на столот
ние и пркосиме на зимата надвор
во чвор од воздишки и лелеци
No comments:
Post a Comment