Translate

Friday, May 30, 2025

***

 мојата работа е да не полудеам 

и си имам работно време

во слободното време ги полудувам останатите околу мене


а посветен сум на работата ,и ми тече работниот век

ехото од мојата работа ми е горчлив лек 

за бесрамниот ,мрзлив човек што бев


сега и ехото е празно и се повторува исто 

машината истите комплименти ги повторува на дискот


се ти е убаво и во вистинскиот тон 

и горчината е повистинита од твојот брутален сон!

објави го ова ,ова се темелите на твојата работа!

срамота и беда



(За AI)


***

 




одвој малку време за мене 
дури ги броиш парите
моето срце се распадна по улицата 
во булки од ветрот растурени 

дури броиш не заборавај ме
по едно евро од секој жив 
им ги броиш деновите изминати во сон 
дури ние се сонуваме разбудени 

и улицата ја лажам со секој чекор
си заминувам со твоите пари 
и за нашите песни недопеани 
не знам кој ќе плати





Wednesday, May 28, 2025

***

 





 

ме милуваш дури зборуваме

и нашиот секс може да се изговори

во недозреаните работи што си ги кажуваме

во пукнатините на нашата смеа

се слушаат воздишки и оргазми


обврзани сме на четиво во кое зреат твоите забелешки

тие зборови ни се тркалаат и лепат по голата кожа

љубовта е тука ,можам да ја слушнам 


и кога немарен ќе те разбудам ,и лута ме љубиш

ми простуваш 

но не можеш никогаш да ми ги простиш

наизречените зборови и нашите тајни

исткаени во песни, нашите слатки разговори


и често водиме љубов со часови

нашите медени приказни 

по 20 години стари 

го одоговлекуваат задоволството и го хранат немирот


разбушавени и смртни ,истекуваме во трагедијата на јазикот,

па работиме во молк и чекаме вода да дојде


и во шепот се довикуваме 







Monday, May 26, 2025

***

 

                                 





а чисто е дома

отпечаток од празнината 

разигран кабел направата ја влече ја турка

нека те милува топлиот шум на машината лута

осети го со целото тело ,движи се со ветерот што го створи

собери и таму зад масата кај што се изрони

нека го голта ѕверот нашето ѓубре

исчисти дома 

после смети го дворот

заврши ли веќе  ,ајде исклучи го створот ,не можам да мислам ,да создавам...

 

Sunday, May 25, 2025

***


 

***

 



изгубен сум денес ,со мислите преку ридот

било кој рид ,на дождот да тргнам угоре


па во чекалната со Сергеј пиеме чај 

неговиот лут мојот кисел 

него го вртат колената од дождот 

мене жената ме избрка од дома 


по нешто ме прати..


а јас се вратив со жица 

и жената врисна!

ќе не бесиш или ќе не врзуваш?

децата ти се мрсолави ,а кровот тече 

фати се за работа мрзо! и отиде да пере ...


и да не веруваш колку ме кара жената 

и колку питома може да биде 

ако сака, на голема богородица на пример

ме изненади со моторна пила 


била жената лута, и мене најубава ми била

гулабице моја ...не сакаш ни вечер..

- значи јорганите се прани ,ни децата спијат


некогаш нешто ќе каже ,како цепаница тешка 

секира таму не влегува ,закон не и ги менува зборовите ,ако рече - спијте ! 

ќе се валкаме во постелата ние


како дива круша, здрава ми е жената

а не сум мечка па и ја имам душа 


само должен сум на петар андреевич што помалку слушам 

ми ја грабна пушката жената од раце тогаш

и рече : за тебе само ралото и коњот нека влече


- лут ли беше ? глупости тропаш!

- земи ја мазгата и донеси ми вода


таму кај изворот малата Елена Максимовна плаче

јас ја тешам да ми помине време

наполнив вода ,а водата матна сега гледам ,ќе треба да се вратам 

кај изворот







***

 






Ти ќелав човеку 
со ружа рана на главата
што со таа искривена уста 
го благословуваш бурекот 
во име на нас будалите

гласот твој ни стига до цревата
а во кујната се смеат сите 

го гледам и побратимот твој како бега и се смее 
од кујната ,
по лизгавиот под 

благодарен на вечерата
нема да му текне да се врати

по него ќе ги бришеме трагите секое утро 
дури таа не рече - Остани уште малку.

Wednesday, May 21, 2025

***

 


Friday, May 9, 2025

the cafe