Translate

Wednesday, August 6, 2025

***

заклучи ме некаде во црвеното ташниче  

најди ми место на задното седиште  

и под перницата во постелата твоја

и внимавај мршојадците да не го растурат нашето љубовно гнездо 

додека не престане дождот

молњата во твоите очи што се топи 

тврдото месо што во тебе длабоко џврка 

како водата по олуците 

удира постојано и тапо 

набабрена прескокнуваш преку надојдената вода

како немирно море на моите плеќи

заведи ме повторно, моја раскошна бескрајна шир

додека од смеата не пукне некоја жица

Monday, August 4, 2025

***

се свртел светот против нас

дошле да ни ги украдат бакнежите сочни 

се шетаат сите низ спалната 

и не опколиле лути 

а јас и ти малечка 

еден во друг сме се скриле 

само сакаме нежно да се љубиме 

и кротко да одмараме еден во друг

не го давам твоето слатко газе

нити за десет пара чевли 

нити за три гајби праски слатки 

да избегаме од тука 

во нашите прегратки 

па макар да бидеме и сиромашни среќни 

не ја давам твојата уста медена 

никој нема да се лигави на неа 

и твоите усни највкусни - мои

нити за кесе златници тешки

не ги давам твоите волшебни нозе 

што ме стиснале во желба 

со нив нема да избегаш повеќе 

нека ги раширени така

не ги пуштам ни за шест кули

шарени високи скапи

а твоите гради зрели и нежни 

во миризливи цветови скржаво ги кријам 

дури и од зборовите мои 

***

се виткаме и двајцата под огнот 

ги слушам само твоите гради како удираат во мевот

и водата како жубори 

со моето стапало го гребам принтерот во нашиот ритам 

дури се лигавиме во несмасни бакнежи

се гребат од подот нозите на креветот

и оставаат лузни од нашата љубов 

груб потпис во дрвото 

а ти ја кинеш перницата со забите 

и мали ангелчиња летаат низ собата на пердувите

летаат на нашите воздишки и исчезнуваат во нашиот оган

***

моите бакнежи имаат вкус на кафе  

по твоите гради  

и во трагите ја читам нашата судбина 

и каде ке водиме љубов утре

ти треперат усните на студот додека ми шепотиш 

и ми го гризеш нежно левото рамо

уште ме боли

снегулги ни паѓаат меѓу бакнежите

и нашата прегратка крцка како вечниот мраз

те сакам и страв ми е да не те изгубам во виулицата  повеќе одколку што нема да го најдам патот дома

изгубен во тебе 

додека твојата домашна роба се суши на столот 

ние и пркосиме на зимата надвор

во чвор од воздишки и лелеци

***

влези во бањата 

мене срцето ми тропа бргу 

во утробата ми трпне 

ти внимателно лицето ми го миеш и уште 

ми велиш само - дај ги рацете валкани ваму

додека се слекуваш бргу 

небаре некоја болест ке фатам 

ако не те љубам тука и веднаш 

трпеливо ме миеш и несмасно се допираме

и каде ги миеш моите раце веќе не знам 

како само ги собира моите стопала таму

и прстите твои не се на место 

во сунѓерот чврчори шербет и пена

од устите ни тече 

***

растопи се на моите усни ти со вкус на карамела 

по твоите гради се лизга топлиот летен дожд

а јас се свивам на десет начини да влезам подлабоко

додека не ја видам желбата како ти ги притиска очите и усните твои како ги гризеш како да не смееш да ме бакнеш

на брегот не води само срамежлива месечина

и се што чувавме долго и трпеливо 

длабоко во тебе се искриви да те најде 

некаде околу осум часот

со семката и твојот гласен триумф 

во брановите далеку некаде го гледам твојот фустан

и ехото од нашето офкање се распаѓа во солта 

невнимателни и голи по пустата плажа 

го голтаме и песокот низ нашата љубовна игра

и една студена лубеница скршена на две 

***

Сите нијанси на црвено се твои

И си оставила траги по целото мое тело 

Кој ке се снајде во оваа збрка

Главата ми е под папочето 

И моите палци се топат во насмевката твоја

Се смееш само 

Но во смеата твоја моите црева се свиле

Во некаков грч не сакам да те пуштам

Додека ја гризеш штипката со мокрите гакички в рака

И стопалата твои голи што ѕиркаат низ високата трева

Од љубов исушени како таа таму цреша 

Се валкаме во нашите желби среќни

Како во трње нашата тајна ,слатка и горчлива не буди

И пак се сонуваме разбудени